Достапни линкови

logo-print

Нов систем на контрола на камионите и шлеперите од царинската управа


Царинската управа на Македонија од почетокот на овој месец воведе нов систем на контрола на камионите и шлеперите што увезуваат и извезуваат од Макеоднија со цел да се намали нелегалната трговија преку граничните премини. Се работи за размена на информациони листови меѓу царините на двете држави каде што поминува транспортното возило, а на кој точно се презизирани видот, количината и вредноста на стоката.

„Има однапред дефинирани листови со одредена содржина во коишто се врши размена по телефон или по факс со тоа што колегите од соедните земји ги добиваат податоците додека самиот камион ја минува границата“

вели Златко Ветеровски директор во царинската управа. Со новиот метод на контрола се става крај на досегашната можност за прикажување на две различни фактури една на излезот од соседната држава и другата при влезот во државава по правило со пониска вредност на стоката која се увезува со цел да се избегне плаќањето на царината.

„Најчесто тука се менуваат податоците за вредноста на стоката со цел да се избегне плаќањето на вистинските тарифни давачки“

Кон средината на овој месец од царинската управата најавуваат воведување на сателитско следење на транспортните средства што ќе транзитираат акцизна стока низ Македонија се со цел како што ни се случуваше во минатото да не дојде до ненадејно губење на шлеперот полн со цигари, алкохолни пијалоци или цистерната со нафта во некои од регионите каде полицијата нема целосна контрола на теренот.

„На камионот којшто минува низ транзитното подрачје на Македонија се монтира многу мал уред којшто е сличен на мобилен телефон, но со многу помала димензија, како еден вид царинска пломба, кој праќа сигнали и со дигитална картичка врши позиционирање во секој момент во реално време, односно на секои четири секунди, каде се наоѓа камионот на територијата на Македонија“

Со воведувањето на новите мерки во царинската контрола шверцот пред се на акцизните стоки кој поради својата висока вредност се најпрималмиви за шверцување се очекува дека ќе опадне. Од царината признават нелегалната трговија неможе комплетно да се уништи, но битно е таа да се движи во рамките на процентот кој е регистриран во земјите од Европската Унија.

„Тој што има намера да шверцува секогаш бара нови и посовршени методи како да ги избегне мерките на царинскиот надзор“

вели Златко Ветеровски директор во царинската управа.
XS
SM
MD
LG