Достапни линкови

Бројот на убиства на милион жители четири пати поголем од Европа


Македонија со бројот на убиства извршени со огнено оружје на милион жители ги надминува сите европски земји, со други зборови трагичниот биланс на земјава е за четири пати поголем од оној во земјата која се смета за најнебезбедна во Европа а тоа е Италија, се вели во резултатите на компаративната анализа на Националната асоцијација за оружје:

„Показателите за земјите од Европската Унија покажуваат дека за речиси сите земји е каракетристично статистички малиот број на убиства со огнено оружје на едне милион чители, кој се движи од 0,7 во Велика Британија до 11,6 во Италија. Додека во Велика Британија со 600 милиони жители во текот на минатата година се случиле само 42 убиства, во Македонија со два милиона жители имаме 84 убиства со огнено оружје,“

вели претседателот на асоцијацијата Владимир Пандовски. Тој додава:

„Најголемиот дел од оружјето со кое се извршуваат убиствата во македонија и тоа речиси 96 насто отпаѓа на нелегалното оружје и легалното службено оружје, што јасно покажува дека нелегалното оружје е изворот на проблемот.“

Истражувањето покажува исто така дека за разлика од осумдесетите кога главното оружје за убиство била ловечката пушка и пиштолот денес главното оружје е автоматската пушка. Карактеристично е и тоа што убиствата се концентрирани во одредени населени области.

„Така во двеилјади и втората само во Тетово се извршени 29 убиства. Со таков биланс на жртви тетово представува нанебезбеден град за живеење во Македонија.“

Загрижува податокот, вели Пандовски што негативниот тренд продолжува и годинава:

„До крајот на септември вкупниот број на убиства во Македонија е 71 што говори дека до крајот на годинава може да ни се случи и да го надминеме рекордот од минатата.“
XS
SM
MD
LG