Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Американската резолуција за Ирак не ги следи препораките на Анан


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан изјави дека новата американска нацрт резолуција за Ирак не ги следи неговите препораки за воспоставување преодна влада пред одржувањето избори во таа земја. Незадоволство од новата резолуција денеска изрази и рускиот претседател Владимр Путин кој сепак рече дека се надева оти наскоро би можело да се изнајде компромисно решение за улогата на Обединетите Нации во Ирак. Од друга страна, американскиот државен секретар Колин Пауел повтори дека Вашингтон страхува оти брзата транзиција кон ирачка цивилна влада, како што бара Светската организација, би можело да продуцира дополнителни проблеми во Ирак.
XS
SM
MD
LG