Достапни линкови

Пјонгјанг: Северна Кореа произвела осум илјади нуклеарни полнења


Северна Кореја соопшти дека произвела осум илјади нуклеарни полнења и оти е подготвена да произведе и повеќе доколку е потребно. Според Пјонгјанг производството е во мирољубиви цели и нема да се извезува. Инаку овие полнења можат да се употребат и како нуклеарно оружје. Заменикот министер за надворешни работи Чое Шу Хон изјави дека Северна Кореја не ветила дека ќе ги продолжи преговорите со Јужна Кореја, Соединетите Држави, Русија, Кина и Јапонија. Според Јужна Кореја, станува збор за тактика која Северна Кореја долго време ја користи за засилување на преговарачката позиција.
XS
SM
MD
LG