Достапни линкови

Закон за заштита на потрошувачите


Производи со поминат рок, но најчесто производи без македонска декларација, поради што неможете да дознаете што ви нуди производот кој го купувате, а кој не е од домашно потекло. Ова велат потрошувачите е случај кој сигурно нема да ве одмине пазарувајки во македонските супермаркети и продавници.

Незапазувањето на правилата од страна на трговците не е само случај со прехранбените производи, потрошувачите наидуваат на голем проблем кога купуваат и т.н. бела техника, на која најчесто декларацијата не е на македонски па се соочуваат со проблем при монтирањето на музичкиот систем или пак телевизорот. Според статистиката за несоодветна техничка опременост на увозните производи на домашниот пазар, освен техничките, прехрамбените, влегуваат и козметичките прозиводи:

„До сега сите производи што сум ги купувала, имам обичај да погледнам на рокот на траење. Ако се со поминат рок тие ќе имаат натпис. Се среќавам со производи без декларација, и кога нешто не ми е јасно не го купувам.“

„Се случува да нема декларација“

Поради проблемите со кои се соочуваат граѓаните, но пред се заради нивна заштита, министерството за економија предложи измени на постоечкиот закон за трговија, а изготви и сосема нов закон за заштита на потрошувачите, како замена за досегашниот.

„Новиот Закон за потрошувачите е пред се во функција на граганите, но и поради потребата од усогласување на домашното со Европското законодавство и Светската Трговска Организација,“

вели Крум Ефремов, раководител на Секторот за за трговија при Министерството за економија.

„Генерално зборувано казнените одредби се поригорозни. Во однос на остварувањето на правото на потрошувачот, се оди на еден концепт преку зголемување на правото пред инспекциските органи. На тој начин се дава можност, наместо досегашното чекање и водење на скапи и долги судски постапки, своите права потрошувачите да ги остваруваат на еден побрз начин со користење на инспекциските органи коишто би излегувале во пресрет на заштита на потрошувачот. Во малопродажбата имаме некои случаи каде што некои производи немаат упатства на македонски што е пречка и хендипек за потрошувачот.“

Освен големите парични санкции за производителите и трговците, од Министерството за економија најавуваат и засилена инспекциска контрола на границите, која нема да ги пропушта узвоните прозводи во државава, доколку не ги задоволуваат правилата за состав, квалитет, запазен рок и секако доколку се без соодветна македонска декларација.
XS
SM
MD
LG