Достапни линкови

Приштина: Истекува рокот на амнестија за предавање на оружјето


На Косово денеска истекува рокот на амнестијата за предавање на оружјето што населението го поседува илегално. Од утре секој кој поседува такво оружје може да биде осуден на осум години затвор или на парична казна, седум ипол илјади евра. Ова беше третта амнестија од завршувањето на конфликтот на Косово. Според најновиот извештај на Програмата на Обединетите Нации за развој, цивилите на Косово илегално поседуваат околу четиристотини илјади парчиња оружје.
XS
SM
MD
LG