Достапни линкови

logo-print

Завршувањето на воената мисија на ЕУ и замената со полициска позитивно


„Меѓународно присуство, толку силно во земјата, без оглед како ќе го наречете, каков мандат ќе му дадете, тоа значи дека земјата е во зона на нестабилност и дека е ризично подрачје“

вели професорот на Инситутот за одбрамбени и мировни студии Весна Ванковска оценувајќи го како позитивно најавеното завршување на воената мисија на Европската Унија и незина замена со полициска мисија. Потребата од помош во реструктуирањето и јакнењето на полициските сили е несомнена смета ванковска

„Знам дека ОБСЕ работи на таа работа, дека Европската Унија подготвува посебна мисија. Потоа има еден друг синџир на меѓународна асистенција на ова поле. Она што јас би сакала да го видам во наредниот период е малку покоординирана акција, повеќе умно троѓење на ресурсите и навистина конечно да видиме резултати на тоа поле“

Сепак резерви постојат. Тие произлегуваат од можноста за дуплирање и некоординираност на меѓународните инстанци задолжени за реформи и осбособување на полицијата

„Вака како што сега изгледаат работите, е се работи само за професионализмот на полицијата што секако е проблем во Македонија. Меѓутоа, прашање е на нејзиното право да делува како во секоја нормална држава“

Особено внимание, според Ванковска заслужува проблемот со кој се соочува македонската полиција да добива контрадикторни и недоследни сугестии од надвор

„Во прв момент ќе ве пофалат и ќе речат дека акцијата е извршена согласно со законите и со она како полицијата функционира во секоја држава, меѓутоа, веќе во наредниот наврат имате и малку контрадикторна изјава“

Во таа смисла Ванковска го посочува последниот пример на акцијата во Брест.

Затоа успехот на следната полициска мисија на Европската Унија може да биде оценуван според одговорот на прашањето колку е меѓународната заедница навистина подготвена да го признае легитимитетот на македонските власти

„Ако меѓународната заедница овој пат навистина е сигурна дека верува во македонските власти, во нивниот легитимитет и нивната одговорност да земат дел во обезбедувањето на мирот и поредокот во земјата, тогаш тоа секако е за пофалба“
XS
SM
MD
LG