Достапни линкови

Експертите очекуваат Проди да ги „преживее“ барањата за оставка


Европската комисија деновиве се соочи со тешкотии во објаснувањето зошто не дејствувала побрзо и поефикасно во врска со обвинувањата дека имало имало корупција во европската статистичка агенција ЕУРОСТАТ. Обвинувањата говорат – милиони евра отидоа на погрешен пат како резултат од нерегуларностите во работата на агенцијата.

Претседателот на Европската комисија Романо Проди мора да си потврди дека историјата се повторува со невообичаена брзина. Тој ја презеде функцијата во две илјадитата година со ветување дека нема да толерира никаква корупција. Тоа следеше откако тогашниот претседател на еврокомисијата Жак Сантер поднесе оставка поради неправилности во работата. На таков чекор беше принуден од Европскиот парламент кој токму на случајот со Сантер за прв пат ја покажа својата сила да ја урива извршната власт на Европската Унија. Политичкиот аналитичар Бен Крум од Центарот за европски студии вели дека парламентарците сега мора да решат колку тврдо ќе одат во случајот со Проди.

„Прашањето е во тоа што сакаат членовите на Европскиот парламент во врска со ова прашање и дали, со предизвикувањето на Проди, сакаат уште еднаш да ги покажат своите мускули.“

Проблемот лежи во статистичката агенција ЕРУСТАТ чие седиште е во Луксембург. Таа е обвинета за исчезнување на милиони евра како резултат на двојни пресметки, фиктивни договори и подмитување. Обвинувањата ги изнесе антикорупциската комисија на Европската Унија во чиј извештај се наведува дека ЕУРОСТАТ сето ова го правел со надворешно консултантски фирми уште пред доаѓањето на Проди на чело на Европската комисија. Но, остануваат отворени прашањата дали таквата дејност продолжила и потоа и зошто неговата комисија која дојде на ветувањата дека ќе се бори против корупцијата, не презеде ништо за да ја расчисти во ЕУРОСТАТ. Проди објаснува дека тој го начекал крајот на опашката на процедурите што таа агенција ги имала склучено пред неговото време.

„Со бирократија од повеќе од дваесет илјади вработени не е секогаш лесно да се пронајдат работи што се случиле пред сегашната администрација на Проди. Овие неправилности се случиле во деведесетите години. Но секако јавноста ќе бара одговороност особено поради најавите дека неговата администрација ќе биде најдобра на светот.“

вели аналитичарот Петер Зервакис од Универзитетот во Бон. Како и да е, експертите очекуваат Проди да ги преживее сите барања на парламентарците за оставки во редовите на европската комисија, особено на Педро Солбес задолжен зa економски работи во Унијата, а со тоа и одговорен во случајот со ЕУРОСТАТ.
XS
SM
MD
LG