Достапни линкови

До сега ниту една кривична пријава


И покрај тоа што во Македонија се говори дека дека појавата перење на пари, односно сомнителни трансакции е развиена, досега не е покрената ниту една кривична пријава за вакво кривично дело иако тоа постои во Кривичниот законик веќе седум години, вели професорот од институот за казнено право на Правниот факултет Никола Тупанчески

„Сите во Македонија чувствуваме дека Република Македонија наликува на оние мали државички каде што навистина коишто се сметаат како оази каде што може на криминален начин да се пренесуваат средства, имот или други криминални приноси“

Тој додава дека сега е поставена правната рамка за спречување на овој вид криминал, но потребно е таа да се применува доследно. Според него со неодамнешните промени во законот за борба против перење на пари, оваа рамка само се доусовршила. Измените предвидуваат финансиската полиција да се спротивставува на овој вид на криминал, да бидат контролирани и трансакциите над 15.000 евра, но се остава можност ако постои сомневање дека има криминални елементи да биде контролирана и онаа до 15.000 евра. Тупанчевски посочува дека од особена важност е делот од законот кој подразбира ургентност на постапката во запленувањето и замрзнувањето на криминалните приноси

„Тоа значи дека под итно ќе реагира и финансиската полиција и јавното обвинителство и судот за оние ситуации коишто навистина досега претставуваа рак-рана во спречувањето на перењето пари. Значи, умните криминалци многу лесно ги оттуѓуваа средствата коишто им беа на криминален начин стекнати, а на таков начин се отежнуваше понатамошниот тек на кривичната постапка. Со една ваква нова одредба очекувам дека навистина борбата против овој вид на криминал ќе добие едно ново ниво во смисла на тоа дека ќе биде поефикасна кривичната постапка и дека навистина ќе дојдеме во ситуација кога првпат во Република Македонија ќе се примени членот 273 од Кривичниот законик во кој станува збор за перење пари и друга криминална корист“

Од министерството за финансии посочуваат дека со овие промени освен што се зголемува ефикасноста на активностите во борбата против перењето на пари, Македонија и се приближува кон европското законодавство. Со цел засилување на борбата против оваа криминална појава се планира и зголемување на бројот на вработени во финансисктата полиција

„Сега има десетина луѓе. Првично, бројот треба да биде триесетина, по систематизација се предвидени околу педесетина луѓе, меѓутоа, во прво време ќе застанеме на бројката од околу 30 луѓе. Досега нив, а и наредниот турнус, ќе биде регрутиран од постојни вработени во рамките на државните органи. Ќе гледаме првин да стасаме до бројката од 30, па ќе видиме дали тоа ќе задоволува. Но, анализата на експерите покажува дека тој орган треба да брои толку“

Изјави министерот за финансии Петар Гошев
XS
SM
MD
LG