Достапни линкови

logo-print

Бакуба: Осум Ирачани загинале, а 18 повредени во експлозија


Американските воени власти во Ирак соопштија дека 8 ирачани загинале, а 18 се повредени во смртоносна експлозија во текот на ноќта во пазарот кај Бакуба – 50 километри северно од Багдад. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Агенциите преносоа и дека во друг инцидент, во ракетен напад кај Киркук загинал еден американски војник, а двајца биле ранети. Денеска во Ирак ке биде извршен погребот на Акила ал Хашими член на ирачкиот владин совет убиена во вчерашниот атентат.
XS
SM
MD
LG