Достапни линкови

Вашингтон: САД ќе постават рок од шест месеци за нов устав во Ирак


Соединетите Држави имаат намера да определат 6 месечен краен рок за донесување на Уставот во Ирак што ке биде услов за одржување избори следната година и добивање нова влада, изјави за Њујорк Тајмс американскиот државен секретар Колин Пауел. Изјавата на Пауел доаѓа по средбите со членките на постојаниот Совет за безбедност и дебатата во Генералното Собрание на Обединетите Нации. Според Пауел новиот устав треба да определи дали системот ке биде парламентарен или претседателски.
XS
SM
MD
LG