Достапни линкови

Маровиќ ќе стори се дијалогот за Косово да успее


Претседателот на Србија и Црна Гора Светозар Маровиќ изјави дека властите во Белград ќе сторат се, престојниот дијалог со Приштина за Косово да успее.

„Ние сме свесни дека не можеме да го смениме минатото, но можеме да сториме многу за да ги подобриме сегашноста и иднината. Сакаме мир за сите луѓе, кои останаа без своите домови, а само во Србија и Црна Гора ги има над 650 илјади.“

Ние, рече Маровиќ на Генералното собрание, пред се, се свртени кон стабилизацијата на состојбите на Западниот Балкан, меѓусебната соработка и борбата против организираниот криминал. Тој индиректно ја критикуваше американската интервенција во Ирак, оценувајки дека единствен начин да се победи тероризмот е да се дејствува мултилателарно. Украинскиот претседател Леонид Кучма го истакна учеството на неговата земја во војната против тероризмот и во стабилизацијата на состојбите во Ирак. Претседателот на Пакистан, Первез Мушараф најави дека неговата земја ќе испрати војници во Ирак доколку биде донесена нова резолуција на Обединетите Нации.

„Јасно е дека мора бргу да се постигне консензус во Обединетите Нации за начините за обнова на стабилноста и сувереноста на Ирак. Тоа ќе и даде нова димензија на војната против тероризмот и екстремизмот.“

Мушараф предложи покренување иницијатива за надминување на културните разлики меѓу муслиманскиот свет и Западот. Германскиот канцелар Герхард Шредер, кој вчера имаше и билтерална средба со американскиот претседател Џорџ Буш, од говорницата во Њујорк оцени дека само со помош на Обединетите Нации Ирак може да добие легитимна влада.

„Само Обединетите Нации можат да ја гарантираат легитимноста на ирачкиот народ за брза обнова на земјата и за формирање сопствена влада.“
XS
SM
MD
LG