Достапни линкови

logo-print

Белград: Дијалогот за Косово почеток за постигнување стандарди за нормален живот


Потпретседателот на владата на Србија задолжен за Косово Небојша Човиќ оцени дека средбата на претставници на властите од Белград и од Приштина ќе го означи почетокот на дијалогот како процес на патот кон постигнување на стандардите за нормален живот на сите граѓани во Покраината. Ова тој го изјави по синоќешниот состанок на Контакт групата во Њујорк на кој беше решено дијалогот меѓу двете страни да започне кон средината на идниот месец во Виена. Според Човик, претходно ќе биде неопходно шефот на УНМИК Хари Холкери да одржи косултации во Белград и во Приштина.
XS
SM
MD
LG