Достапни линкови

Правната држава не функционира


Неплаќањето на сметки кон јавните претпријатија, неисполнувањето на даночните обврски кон државата, забавената фискализација, неистакнувањето на македонските државни симболи се дел од секојдневието во многу места со мнозинско албанско население во државава. Наспроти уставните измени и заложбите на Владата за спроведување на Рамковниот договор, правната државава во поранешните кризни региони не функционира, а односот на припадниците на албанската заедница, кон македонските државни симболи не се менува, ова се забелешките кои најчесто се споменуваат како карактеристични за овие региони во државава.

На обвинувањата за т.н. „граѓанска непослушност“ претставниците на народот, парламентарците од регионите кои без зафатени со кризата, изјавуваат дека тоа се должи на континуираната „негрижа“ на Владата за развој на овие краишта.

„Во тој регион владата ништо не придонесе за тие да бидат послушни. Владата не ги направи срушените куќи. Вработувања нема во кризниот регион. Оние кои имаат можност да платат сметки за струја, плаќаат, оние кои немаат можност, не плаќаат, не од што не сакаат туку од што не можат.“

потенцира пратеникот од ДПА, Фатмир Асани, претставник од кумановско-липковскиот регион.

Како и парлементарецот од ДПА, и пратеникот од владеачката Демократска унија за интеграција, Рафиз Алити, потенцира дека една од причините за ова е и забавеноста на имплементацијата на Рамковниот договор.

„Се доцни со многу работи. Електоратот не е задоволен. На другите етнички заедници во Македонија, не треба да им пречи знамето на Албанците.“

Процесите на граганска послушност или непослушност во државава, експертите ги коментираат:

„По потпишувањето на рамковиот договор се тргна кон негово имплементирање, со тоа што процесот не е лесен затоа што се бара измена на голем број закони, а закони не се пишуват преку ноќ. Од друга страна гледаме напор на македонската држава да ги интегрира овие заедници. Историски факт е дека кога силата ќе се искористи за постигнување на одредени политички цели, промена на општество, промена на политички систем, секогаш на крајот се претвара во голо насилство. Така што тоа е процес што ќе не доведе во истиот затворен круг во којшто се јавуваат недостатоци во системот.“

објаснува професор Рената Дескоска од Правниот факултет.
XS
SM
MD
LG