Достапни линкови

logo-print

Потенцијална политичка слабост на Буш пред изборите


Во Соединетите Држави расте движењето коа бара американските војници да се вратат од Ирак. Дали ова е знак дека Ирак станува потенцијална политичка слабост на претседателот Џорџ Буш.

Семејствата на некои американски војници почнаа да формираат групи против продолжувањето на војната во Ирак. Некои од овие групи како на пример ,,Воените семејства говорат гласно,, и ,,Вратете ги дома сега,, веќе добија ограничен национален предзнак иако не се знае колку членови имаат и колку од американските армиски припадници ги делат таквите уверувања. Експертите велат дека нивното влијание би можело да прерасне во сила која би имала силен ефект врз претседателските избори во ноември идната година. Американската војска е така структуирана што секој род во неа – армијата, морнарицата и воздушните сили се предводени од цивили кои му одговараат исто така на цивилен секретар за одбрана. Традиционално, припадниците на воените служби се многу послободни отколку војниците. Овие вторите, како што оценува пензионираниот генерал Едвард Аткисон, имаат волја да ги извршуваат воените обврски, а политиката да им ја остават на цивилите. Но, според него, за разлика од војниците, нивните семејства се со поинакви мислења.

„Tие се слободни агенти. Можат да работат како што сакаат. При водењето војни тие имаат слобода да ги искажат своите видувања.“

Овие групи се најзагрижени за скоро секојдневите убивања американски војници во Ирак. Тереза Хиченс, потпретседател на Центарот за информации во одбраната, приватна институција од Вашингтон, наведува дека цивилниот армиски персонал пред ирачката војна верувал дека таа ќе биде завршена многу бргу.

„Мислам дека таму се шири чувството дека нема да биде лесно доколку во Ирак продолжат жртвите и доколку сегашната фаза ќе потрае подолго од предвиденото. Така не беше кога таа војна почна.“

Вели Хиченс која додава дека тоа би можело да му предизвика проблеми на претседатеот Буш.

„Мислам дека би можело да има некакво политичко триење. Посебно ако работите продолжат како сега, ако во наредниве шест месеци економија продолжи да стагнира и ако ние продолжиме дневно да губиме по три млади војници во Ирак.“

Тереза Хиченс забележува дека главни поддржувачи на војната се цивилите во министерството за одбрана кои заработуваат од неа, но кои никогаш самите не ја искусиле. Според неа, доколку Буш и неговите советници многу бргу не ја подобрат ситувцијата во Ирак, тие по изборите догодина ќе бидат, како што вели, како и многу други американци невработени.
XS
SM
MD
LG