Достапни линкови

logo-print

САД: До сега девет жртви од ураганот „Изабел“


Ураганот Изабел, кој беснее на источниот брег на Соединетите Држави, досега однесе 9 човечки животи, голема материјална штета, а цели региони останаа без струја. Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови на бреговите на Северна Каролина и Вирџинија. Ураганот полека стивнува, но надлежните предупредуваат дека опасноста сеуште не е помината поради неговата големина и можноста од поплави во источните делови на Соединетите Држави.
XS
SM
MD
LG