Достапни линкови

Во Скопје повторно тепачки и демолирани автобуси


Средношколците Македонци и Албанци од средното училиште „Арсение Јовков“ и денеска останаа надвор од училишните клупи. Едните протестираа пред македонската влада со барање министерот за образование Азис Положани да го поништи решението со кое беше одобрено префрлањето на седум албански паралелки од средното училиште 8-ми септември што се наоѓа во населбата Автокоманда, во средното училиште „Арсение Јовков“ што се наоѓа во населбата Чаир. Учениците протестираа пред зградата на средното училиште „Арсение Јовков“. Поттикнати од протестите денеска дошло и до близок контакт меѓу средношколците Албанци и Македонци. Од МВР потврдуваат дека имало инциденти:

„Има еден физички напад. Од страна на две лица нападнат е петнаесетгодишен ученик од втора година и се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот. Инаку, има оштетување на два автобуси кај Бит пазар, на Булевар Крсте Мисирков“

рече Борче Пешевски, од службата за односи со јавност при МВР. Инаку, министерот за образование Азис Положани привремено го одложи решението за префрлање на седум албански паралелки во Арсение Јовков. Но, родителите на учениците Македонци бараат решението да биде поништено, а не да се одлага. Со став за случувањата во македонското образование се огласи и меѓународната заедница во Македонија:


„Ваквите демонстрации не се од помош и се неприфатливи. Разочарувачки е да се види како луѓето се мобилизираат против нормалниот тек на образованието. Постојат меѓународни стндарди за пристап кон образованието. ОБСЕ смета дека учениците треба да учат во училиштата кои се во близина на нивните домови и мултиетничкото образование треба да биде поддржани“

изјави портпаролот на ОБСЕ Елизабет де Рут.

Денеска и Унијата на средношколци на Македонија исто така апелира до учениците од средното училиште „Арсение Јовков“ да се вратат на настава, да не се инволвираат во проблеми што не се својствени за нив и да не заборават предрасудите по која била основа.
XS
SM
MD
LG