Достапни линкови

Ставови на политиколозите и опозицијата за легализацијата


До сега илегалниот тетовски унивезитет проработе на 15 февруари 1995 година. Два дена подоцна во обидот на полицијата да итервенира дојде до судири. Загина Абдуселам Емини, 28 луѓе се повредени. Досега овој универзитет работеше илегално. Издадени се повеќе од десет илјади дипломи кои се признаени само во Албанија.
Осум години подоцна по рамковниот договор владата решава да го легализира и стави под државна капа универзитетот постојано нарекуван како таканаречен или парауниверзитет

„Македонија веќе не е она што беше. Рамковниот договор и уставните реформи воспоставуваат односи и стандарди во кои се бара политичката волја на субјектите да кохабитира постојано, оти инаку пак ќе дојдеме во криза“

оценува политикологот Хисен Рамадани. Од образовен аспект ползата од легализацијата на малоречанскиот универзитет е несомнена особено поради фактот што за разлика од општиот тренд на зголемување учеството на албанофонските студенти на посточките унивезитети не е големо, смета поранешниот министер за образование Ненад Новковски.

„Формирањето на оваа институција сигурно ќе придонесе и за зголемување на опфатот и на оваа популација во високото образоцание што е неопходно за 21 век“

Новковски посочува од политички аспект ова е задоцнето решение

„Прашањето премногу се усложнуваше со тек на времето, чисто политички. Едноставно, политичките партии требаше да донесат одлука да се воспостави таков систем на високо образование“

Меѓутоа партијата на Новковски ВМРО-ДПМНЕ, смета дека предлогот за легализација на тетовскиот универзитет излегува надвор од рамките на Охридскиот рамковен договор, и дека всушност станува збор за политички дил за обезбедување поддршка кај албанските партии во пресрет на претседателските избори идната година", го изразува ставот на ВМРО-ДПМНЕ универзитетскиот професор Трајко Славевски.

„за обезбедување поддршка кај албанскиоте партии на претседателските избори идната година“

Но ако се занемари дневно политичкиот од аспект на меѓуетничките, лекцијата која произлегува од приказната за Малоречанскиот универзитет

„Треба сите да ја научиме, но пред се оние кои одлучуваат за нашите судбини“

вели политиколог Мирјана Малевска

„Ако на време не се решаваат меѓуетничките проблеми, ако се однесуваме како слепи при очи или со неоснована ароганција, политичката ситуација во земјата се радикализира. Потоа, оганот треба брзо да се гаси. Обично тогаш се носат решенија кои не се секогаш најдобри. Се дава и попушта. Не е проблемот во давањето и попуштањето, ако е тоа праведно, туку што се случува речиси преку ноќ под притисок на околностите и тогаш создава дополнителни, често пати непредвидливи последици и проблеми“
XS
SM
MD
LG