Достапни линкови

logo-print

Њујорк: САД ставија вето на арапската нацрт резолуција за протерувањето на Арафат


Соединетите држави синоќа ставија вето на арапската нацрт резолуција со која се бара од Израел да не го протера палестинскиот лидер Јасер Арафат. Меѓу 11 те држави кои ја подржаа резолуцијата беа Франција, Русија и Кина, а воздржани беа Велика Британија, Германија и Бугарија. Американскиот амбасадор Џон Негропонте изјави дека Вашингтон стави вето затоа што во резолуцијата не се наведени заканите што ги преставуваат Хамас и Ал Акса, а дека проблемот со Арафат треба да се реши со дипломатска изолација. Палестинските преставници денеска потегот на Вашингтон го оценија како oткажување на подршката на мировниот план.
XS
SM
MD
LG