Достапни линкови

Започнува имплементацијата на најавените реформи во здравството


Од денеска за вработените во здраството ќе започне имплементирањето на најавените реформи што подразбира отпуштање на вишокот вработени во овие дејности. Според најавите од министерството за здравство, во првиот бран кој ќе опфати 900 лица изборот е направен по доброволна основа, што значи се работи за лица на кои ќе им бидат исплатени осум просечни месечни примања до нивното заминување во пензија. Од синдикатот на здравствените работници велат, ако ветеното се спроведува, добро е.

„Тоа е технолошки вишок. Во овој момент мислам дека е многу слабо решение. Добро е што луѓе доброволно се јавуваат за предвремено пензионирање, нормално, со одредени бенефиции и тоа да го сфатат како привилегија и оние кои сакаат“

вели Симо Силјановски претседател на синдикатот на здравствените работници. Доколку во првиот бран на отпуштања влезат и лица кои ќе мора да ги напуштат своите работни места не по сопствена волја синдикатот најавува дека во целост ќе застане во заштита на нивните права, бидејќи прислното одземање на правото на работа се коси со потпишаниот колективен договор меѓу социјалните партнери.

„ На сите наши членови им нудиме комплетна заштита, правна помош и сето она што Синдикатот може да го направи за тие луѓе“

Реформите во здравството не можат да бидат успешни со отпуштање на вработените лица во здравствените институции. Потребни се потемелни реформи кои ќе го внесат здравството во пазарниот систем на функционирање и каде квалитет и неквалитетот ќе имаат своја цена што ќе биде различна, а селекцијата на оние што ќе опстанат да функцинираат во овој систем ќе биде природна вели Силјановски.

„Единствено решение е комплетна промена на здравствениот систем и промена на организациската структура и на начинот на плаќање во однос на вработените во здравството, затоа што пазарниот момент во здравството се уште не е застапен. Се работи за урамниловка која се сведува на тоа да се чека секој први да се добие плата и толку“

Доколку владата упсее да го приватизира секторот фармација, во здраството ќе нема потреба од понатамошни отпуштања. Во оваа трансформација не смеат да бидат вклучени лицата и аптеките што се лоцирани во здравствените институции и што мора да останат во државна сопственост.

„Ако се реформира во меѓувреме фармацеутскиот сектор, а тие луѓе веќе не се под капата на министерството и веќе се приватници, веднаш се вработени околу седумстотини“

Пресметките на светската банка се дека во здравството постои вишок вработени чија бројка се проценува на 1400. Па оттаму нивната препорака, е доколку владата инсистира да го добите ФЕСАЛ два аранжманот, до крајот на годината мора да најдете чаре со овие луѓе.
XS
SM
MD
LG