Достапни линкови

Канкун: Неуспешен состанок на светската трговска организација


Министрите за трговија од развиените земји и од оние во развој меѓусебно се обвинуваат за неуспехот на состанокот на Светската трговска организација што во изминатите пет дена се одржа во мексиканскиот град Канкун. Агенциите јавуваат дека земјите во развој предводени од Бразил, Индија и Кина и развиените земји предводени од Соединетите Држави и Европската Унија не успеале да најдат заеднички јазик за ниту еден клучно прашање. Колапсот на овој состанок, според експертите, ќе ги одложи плановите на Светската трговска организација да се постигне нов глобален трговски договор до крајот на идната година.
XS
SM
MD
LG