Достапни линкови

logo-print

Стокхолм: Европската комисија се надева дека Шведска нема да се откаже од еврото


Европската комисија изрази уверување дека Шведска нема да се откаже од еврото и покрај резултатите од вчерашниот референдум според кои, Швеѓаните негативно се изразија за влегувањето на нивната земја во евро зоната. Во соопштението, Брисел констатира дека Шведска со тоа ќе има помалку влијание во донесувањето одлуки во Европската Унија. На референдумот излегоа осумдесет и еден насто од гласачите. Од нив пеесет и шест проценти се изјаснија против еврото, додека четириесет и два процента беа ,,за,,. Премиерот Јоран Першон денеска најави дека, и покрај неуспехот на референдумот, нема да поднесе оставка на функцијата.
XS
SM
MD
LG