Достапни линкови

Арбен Џафери, лидер на ДПА. Македонија на перманентен начин навлегува во политичка и безбедносна криза


Се соочува ли Македонија со безбедносна криза господине Џафери?

Мислам дека Македонија на перманентен начин навлегува во политичка и безбедносна криза. Самата потреба на актуелната влада секогаш за секој проблем да бара политички договори со своите партнери зборува за нејзината нестабилност. Од друга страна ми се чини дека постои тесна поврзаност меѓу актуелната влада и медиумите кои на помпезен начин јавуваат дека во македонија постои криза давајки на тој начин одобрување на владата да презема репресивни мерки. Репресивните мерки кои беа преземени во карадачкиот регион не соодветствуваат со потребата за интервенција. Велат дека таму имало криминалци. Криминалци има и во Скопје и во други градови во Македонија. Но против криминалци не се употребуваат хеликоптери тенкови или топови. Оваа влада презема вакви воено полициски акции сигурно за да ја прикрие длабоката економска соцјална и политичка криза која постои во земјава. Крајниот исход на оваа воено полициска експедиција беше убиството на две момчина на 17 годишна возраст кои дури и немаат криминално досие во МВР. Зборот ми е дека тие со ниту еден аргумент не може да ја оправдаат оваа масовна интервенција во карадачките села.

Меѓународната Заедница во целост ја подржа полициската акција во Брест?

Нормално е меѓународниот фактор да ја подржува владата и нејзините институии во ваквите екскурзии. Се сеќавам кога југопсловенската војска влезе на Косово и ги опколи селата околу Подујево и во близина на Приштина, тогаш меѓународниот фактор ја подржа оваа мисија. Но потоа дојде до промена на ставовите и следеа целосно други реакции од нивна страна. Мислам дека меѓународната заедница повеќе би сакала, односно подржала лоша состојба на мир отколку добра војна. И токму затоа ја подржуваат ваквата акција на македонската војска. Мислам дека оваа подршка повеќе и припаќа на политика која ја водат дипломатите отколку на некоја реална подршка која и се дава на македонската влада.

Дали мислите дека безбедносните проблеми во Македонија имаат некаква поврзаност со Косово?

Секогаш неконтролираната пропаганда која во последно време е присутна во Македонија се обидува да најде цврст претекст. Секогаш непријателот се бара надвор од себе. Тој непријател е или меѓународниот фактор кој им помага на албанците за дестабилизација на Македонија, или Косово или некој друг надворешен фактор. Кризата постои внатре во актуелната политика на владата која не знае да ги реши проблемите. Главно Македонија се соочува со три категории на проблеми. Првиот е спорот со Грција со името , или со другите соседи во врска со јазикот и афтокефалноста на црквата, вториот е економското заживување и зголемувањето на животниот стандард а третиот проблем се меѓуетничките односи. Оваа влада нема визија да ги реши овие проблеми кои се наоѓаат на маса пред премиерот , и тој бара други форми на кревање врева убивајки невини луѓе за да покаже дека оваа влада е успешна.

Се променија ли вашите политички ставови од времето кога бевте носител на власта, и зошто?

Ние не произведуваме политика според дневно политичките текови . Нашата политика се основа врз длабоки социолошки анализи и според тоа на интелектуален план констатираме дека Македонија ја има изгубено внатрешната кохезија, без штоне можеме да имаме стабилна држава. Од друга страна според некои анализи на странски институции, во Македонија само 4 проценти од македонците го подржуваат имплементирањето на Рамковниот договор. Значи постојат длабоки антагонизми во општеството кои треба со максимално внимание, умешност и визија да се решат. Визијата на владата на Бранко црвенковски се војската и полицијата, формации со кои тој се обидува да ги реши проблемите.

Велите дека Рамковниот Договор не се спроведува од друга страна се залагате за самоопределување на албанците со можност за отцепување. Тоа е во судир со осноните принципи на Рамковниот договор кој ја гарантираат унитарноста на Македонија?

Кога сме кај самоопределувањето не се работи за дневна политика. Ова барање и ова право е едно од нај фундаменталните права кои се признаени и од страна на ОН. Идеата за самоопределување се активира само тогаш кога другие решенија пропаднале. Другите реШенија за мировни договори за разбирање, зближување и толеранција во Македонија се пропаднати и автоматски се отвара прашањето за самоопределување. Значи оваа категорија ние не ја промовираме од инает, но безбедносната ситуација, меѓуетничките проблеми етничката дистанца која постои во Македонија автомастки ја отвара идејата за самоопределување до отцепување.

Ставот на Меѓународниот фактор е дециден дека не подржуваат прекројување на границите на Блаканот. Сметате дека ќе успеете да ги убидете да ја поддржат ваквата идеа?

И јас мислам дека промената на границите не е единствено решение, но под услов меѓуетничките односи да се градат врз база на еднакви права. Бидејки немаме еднакви права и соживотот од ден на ден се нарушува, постои екстремна етничка дистанца , значи бидејки нема друго решение за овие проблеми тогаш треба да се отворат другите категории кои нудат решенија. Меѓународниот фактор на почетокот целосно беше против самоопределувањето на југословенските народи но видоа дека таквата опција уште повеќе ги компликува работите и полека почна да ги признава земјите кои се отцепија од југословенската федерација. Исто така во Европа имаме повеќе од 20 нови земји по 1990 година и Меѓународната заедница која одбиваше да ги признае овие земји пооцна ги прифати.

Како сметате дека треба да се реши новата територјална поделба на Македонија?

Новата територијална поделба треба да исполни неколку принципи. Историското и кутурно наследство на различните заедници во македонија, економскиот и инфраструктурниот фактор. Значи албанците нема да прифатат да имаат општини само во рурални средини туку ќе инсистираат да имаат урбани општини почнувајки од Скопје до Струга.


Сметате ли дека Мисијата Конкордија треба да замние од Македонија во декември?

Мислам дека се наивни и многу загрижувачки изјавите на челните луѓе на македонските институции кои бараат Конкордија да замние. Можеби и акцијата во Карадчкиот регион сака да ја лансира тезата дека оваа влада е подготвена со сопствени сили да се справува со кризни ситуации и да го убеди меѓународниот фактор дека нема потреба од нивно присуство. Мислам дека се работи за стратегиска грешка која ја прави оваа влада и убеден сум дека меѓународните сили ќе останат во Македонија и во наредната година.
XS
SM
MD
LG