Достапни линкови

logo-print

Њујорк Тајмс: Весли Кларк идната недела може да објави претседателска кандидатура


Бившиот американски генерал Весли Кларк, кој ја предводеше операцијата на НАТО против режимот на Слободан Милошевиќ би можел идната недела да ја најави својата кандидатура за претседателски кандидат на Демократската Партија, пишува Њујорк Тајмс. Кларк таквото нешто го навести за Си Ен Ен и како што јавуваат медуимите тој веќе се однесувал како кандидат критикувајќи ја администрацијата на актуелниот претседател Џорџ Буш. Во Демократската партија веќе има девет кандидати за внатре партиската номинација.
XS
SM
MD
LG