Достапни линкови

Контрола на приходите и донациите на партиите


Досегашниот вакуум во сферата на финасирањето на политичките партии им одговараше на партиите но не и на државата. Македонија и Албанија се единствените европски земји кои не ја нормирале оваа сфера иако препораките на Советот на Европа се многу јасни, јавно буџетско финасирање на политичките субјекти, вели либералдемократот Андреј Жерновски, еден од иницијаторите за носење на ваков закон, за кој и Влдата веке даде зелено светло. Целта е во старт да се елиминира корупцијата во политиката, вели Жерновски:

„До сега финансирањето на политичките партии се одвиваше во една сива зона и тоа го кажав најотворено.“

Иако се можни и други алтернативи ние предлагаме вели Жерновски две решенија слични на хрвтскиот модел, буџетските средства во висина од 20 или 30 насто подднакво да им се распределуваат на сите партии што на изборите ке освојат најмалку еден насто од гласовите, а останатите 70 до 80 насто да се поделат сразмерно на освоените пратенички места во собранието. Стриктно се набележани и условите како би се добивале и средствата од приватните фонднови:

„За да се оневозможи одредени финансиски моќни кругови да ја диктираат и политиката во Република Македонија.“

Законот ке овозможи поголема транспарентност во финансирањето на партиите, вели Каролина Ристова од СДСМ

„Секако дека стои тоа дека сеуште не се јасни и не постои одговорност во врска со изворите. Постои комоција кај партиите и тоа прашање треба да се реши.“

За Марјан Горчев од ВМРО-ДПМНЕ на овој начин партиите ке ја подигнат одговорноста пред граганите:

„Да престанат сите оние градења небулозни конструкции од каде една партија која е во позиција да може да излезе со такви средства за коишто не се дало отчет на крајот.“

За доцент Рената Дескоска законското регулирање е неопходно особено во делот на контролата на донациите што ги добиваат партиите:

„Се надевам дека законот ќе регулира од кои дејности партиите ќе може да добиваат приходи. Затоа што, знаеме дека уставниот суд укина одредби со коишто се даде можност политичките партии да остваруваат приход од имот. Вообичаено е во западна европа, политичките партии да стекнуваат приход од продажба на книги, пропагандни материјали, касети на коишто е објавен знакот на политичката партија, да стекнува приходи од авторски права. Кај нас во Македонија донациите се претворија во купување поволности на пазарот. Ниедна фирма не донира на политичка партија затоа што се согласува со идеалите на таа политичка партија. Или затоа што тоа има хумана цел, најбитно е да се воспостави контрола затоа што донациите се извор на корупцијата.“
XS
SM
MD
LG