Достапни линкови

Во Македонија за сега функционира само Фени индустри


И додека бројот на слободните економски зони во земјите од транзиција секојдневно се зголемува, во Македонија тоа не е така. Најголемите магнети за влез на странските директни инвестиции, што поради административни и бирократски пречки, што поради корупцијата и инертнотото судство, засега сеуште неможат да најдат плодна почва за поинтензивен развој во државата, загрижувачки со оглед на фактот што се работи за експлотација на територии кој се од обостран интерес како за државата така и за корисникот на зоната.


„Во одност на царинските давачки за опремата, во зоната е нула насто, надвор од зоната е пет до дваесет насто. Стока за широка потрпшувачка, во зоната е пет насто, а надвор од зоната изнесува 15 до 30 насто. Од моментот кога корисникот ќе почне со својата дејност, во првите десет години од работењето е ослободен да плаќа данок на добивка. Интересот на државата е пораст на економијата, поголема вработеност, трансфер на технологии, подобрување на менаџментот повеќе инвестирање итн.“

Е ставот на Виктор Делов заменик директор на дирекцијата за слободни економски зони. И додека во Хрватска веќе функционираат 14 слободни економски зони, во Србија и Црна Гора 16 во Бугарија шест, Романија 10 во Македонија засега Фени индустри е единствена активна слободната економска зона.

„Обемот на производството во Фени индустри за претходната година е 33 милиони евра, а бројот на вработените е 800.“

И покрај најавите уште од претходната власт дека слободната економска зона „Бунарџик“ за многу скоро време ќе профункционира тоа досега не се случи. Најоптимистичките најави од сегашната власт се дека првите градежни работи би можеле да започнат во мај идната година. Висината на концесијата која ќе треба да ја плаќа корисникот на зоната чија површина изнесува 150 хектари сеуште не е утврдена, вели Делов.

„Ќе има тендерски натпревар. Во фаза на довршување е распишувањето на тендерот на крајот на месецов.“

И потенцијалната економска зона „Југохром“ поради бирократски пречки сеуште не може да профункционира. Барем досега Поседовниот лист беше главната пречка година ипол оваа зона да не заживее.

Најавите за укинување на дирекцијата за слободни економски зони , во дирекцијата ја оценуваат како лоша проценка на владата со оглед на фактот како што велат дека во тој случај уште повеќе би се успорил процесот за заживување на овие магнети за влез на странските директни инвестиции.
XS
SM
MD
LG