Достапни линкови

Тирана: Албанија ги осудува сите ектремистички активности


Албанската влада ги осудува сите екстремистички ективности од каде и да доаѓаат и уште еднаш го потврди ставот за заштита на стабилноста на Македонија. Ова синоќа го соопшти кабинетот на албанскиот премиер Фатос Нано по средбата со македонскиот амбасадор Елеонора Каранфиловска Ретклиф. Во соопштението на албанската влада се осудува насилството врз институциите во Македонија и се повикува албанскиот фактор да се дистанцира од таканаречените фронтови или армии, пренесува Макфакс.
XS
SM
MD
LG