Достапни линкови

Ерусалим: Израелскиот шеф на дипломатијата смета дека Арафат треба да биде протеран


Израелскиот министер за надворешни работи Силван Шалом денеска изјави дека Израел треба да ги игнорира американските забелешки и да го протера палестинскиот лидер Јасер Арафат. Израел го обвинува Арафат дека го саботира мировниот процес на Блискиот Исток. Денеска седница треба да одржи кабинетот на премиерот Ариел Шарон на кој ке стане збор за следните чекори против палестинските милитанти по последните два бомбашки напади во кои загинаа 15 лица.
XS
SM
MD
LG