Достапни линкови

logo-print

Кристина Галак, портпарол на Хавиер Солана. Сегашната ситуација во Македонија е стабилна


Како во канцеларијата на европскиот представник Хавиер Солана се оценува сегашната ситуација во Македонија?

Ситуацијата е стабилна. Генерално таа се движеше во правец што го посакуваа и ЕУ и македонските власти. Тоа значи секако, процес на стабилизација, но за жал во неделата дојде до судири меѓу силите за безбедност и етничките албански криминални групи. Во таа смисла имаше влошување, но не гледаме дека настаните кои се случија во неделата значат дека трендот на процесот на стабилизација е променет. Ние сме апсолутно определени да ја поддржуваме македонската Влада и сметаме дека македонската Влада има право да воспостави целосно владеење на правото на целата територија на земјата.

Значи ли тоа дека давате зелено светло полициската акција да продолжи?

Се надеваме дека ќе нема потреба од продолжување на полициската акција, зашто ситуацијата се смирува и е ставена е под контрола, но останува на Владата и на министерот за внатрешни работи, да решат дали има членови на криминални групи што треба да бидат уапсени. Се надеваме дека тоа не е случај, но целосната компетенција е во рацете на МВР.

Колку сериозно недоразбирањата меѓу партенрите во власта можат да го загрозат опстанокот на владеачката коалиција

Не би сакале тоа да се случи. Господинот Солана во понеделникот разговараше со премиерот Црвенковски и со господин Ахмети, лидерот на ДУИ. И на двајцата, Солана им ја изрази поддршката на ЕУ на коалициската Влада и за напорите на таа Влада да го продолжи спроведувањето на Охридскиот договор. Солана во разговорите со премиерот беше мошне јасен дека доколку има проблем со редот и со мирот, безбедносните сили треба да реагираат. Важно е тие да делуваат на начин кој нема да предизвика натамошни конфликти.. Во разговорот со Ахмети, Солана изрази поддршка кон неговата партија и на членовите на партијата кои се во Владата. Сметаме дека е важна стабилноста на Владата и останувањето на партиите во коалицијата


Има ли промена на ставот на Европската Унија околу присуството на Конкордија?

Позицијта на ЕУ не е променета. Мисијата Конкордија ќе заврши на 15 декември, како што предложи претседателот на Македонија.Согласно со неговото барање, ЕУ се подготвува за можноста за испраќање полициски сили, но не за извршување полициски задачи, туку за да работат заедно со македонските полициски сили за постигнување на стандардите на полициите на земјите членки на ЕУ.
XS
SM
MD
LG