Достапни линкови

Започнаа консултации за идната улога на ОН во Ирак


Советот за безбедност на Обединетите Нации ги започна консултациите за евентуалната нова улога на Светската Организација во Ирак. Се разгледуваат опциите каков да биде мандатот и притоа се разгледуваат искуствата стекнати во мисиите што Обединетите нации во повеќе кризни жаришта во светот.

Силите на НАТО, со одобрение на Советот за безбедност на Обединетите Нации, сега патролираат во Босна, на Косово и во Авганистан. Меѓутоа, политички улогата на Светската организација во тие земји варира, a резултатите се различни. Обединетите Нации го администрираат Косово како виртуелен протекторат. Во Босна тие дури лани добија поголема политичка улога иако се таму по Дејтонските договори во 1995 година. Авганистанското искуство вели дека Обединетите Нации ја советуваат привремената влада на Хамид Карзаи во составувањето на новиот устав и во подготовките на изборите во таа земја. За овие операции Џоана Менделсон Форман експерт во Обединетите Нации вели:

„Тие сите се хибриди, но со една заедничка карактеристика. Имаат водечка земја плус Обединетите Нации. Фактот дека Соединетите Држави сакаат да бидат лидери не е нов модел – Австралија беше тоа во Источен Тимор, а Германците преку НАТО се на Косово.“

Како што е познато, Соединетите Држави, соочени со безбедносни проблеми, предложија резолуција со која би се се зголемило влијанието на Светската организација во Ирак. Според предлогот, сегашната воена окупација би била заменета со мултинационални сили под мандат на Обединетите Нации, но и под американска команда се до одржувањето на изборите.

„Засилувањето на Обединетите Нации кои во помагањето на изборниот процес во своите редови ќе вклучат советници од арапските земји може да биде од голема важност.“

Смета Џоана Менделсон Форман. На ист став е и Томас Вајс од Институтот за меѓународни студии на Универзитетот во Њујорк која во врска со улогата на Светската организација во Авганистан вели.

„Јасно е дека таму Обединетите Нации играат важна транзициона улога. Ние можеме да ги нарекуваме и меки траги, но големото меѓународно присуство кое дејствува покрај привремената влада е битно за оркестирање на напорите.“

Советот за безбедност во минатата недела ја одржа првата од неколкуте неформални средби за американската предлог резолуција за Ирак. И покрај тоа што Франција, Германија и Русија сигнализираа дека се неопходни подлабоки преговори сепак, според првичните реакции, сите се согласуваат дека консултациите треба да се одвиваат во конструктивна атмосфера.
XS
SM
MD
LG