Достапни линкови

Европската Унија има шанса да го разбие еднаш за секогаш балканското буре барут


Како што бевме фокусирани врз фудбалскиот натпревар на Англија во Скопје, македонските безбедносни сили покренаа голема акција против паравојниците на Албанската национална армија само дваесетина милји од стадионот. Тоа следеше една недела по насилството на АНА во северна Македонија, по смртоносниот напад врз група српски деца кои пливаа во реката Бистрица во соседното Косово и по оружените судири меѓу АНА и полицијата во Јужна Србија, пишува во написот на Гардијан во кој се додава: Сево ова може да изгледа како инциденти што ги имаше во декадата на оружените конфликти на Балканот. Но, на ова би требало да се гледа како на нешто поразлично – како на предупредување дека и покрај притисоците, започнати пред четири години - Косово се уште не е контролирано што претставува опасност која може да експлодира. Ирак е вистинско потсетување дека способноста да се сруши режимот со воени средства е само почеток на долг и опасен процес, кој може да ја влоши и онака тешката ситуација. Според Гардијан, процесот на трансформирање на нефункционалните држави или територии во функционални сега се одвива под погрешното иритирачко име ,,градење на нацијата,,. Меѓународната заедница е со таква цел и на Косово, но УНМИК се уште не е ни блиску до етаблирањето на функционално општество. Главна причина, уште од крајот на војната, е тоа што Косово егзистира како уставен пекол – косовските албанци сакаат независност, србите се против. Без јасна идеа за косовскиот финален статус, како што се наведува во текстот на Гардијан, е неможно да се создаде безбедносен систем и внатрешни економски релации без кои никој не сака да инвестира таму. Така, економскиот живот во покраината денес е сведен на шверцување. Европската Унија и Соединетите Држави се согласни дека треба да преземат, пред се политичка улога со цел долготрајна стабилизација на Балканот. Меѓутоа, пишува весникот, Косовскиот јазол е во срцето на балканската мрежа во која се наоѓаат: Македонија, Србија и Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Стратегијата на Европската Унија е на парчиња, односно фокусирана врз спогодба која значи дека земјите од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија, можат многу малку да се надеваат на нивно членство во Унијата во блиска иднина, смета Гардијан. Европската Унија има златна можност да раководи со решението на уставните прашања на Балканот. Но, Унијата, освен давањето прва помош за раните, нема стратегиска визија како да го изведе тоа. Европа постојано ги критикува Соединетите Држави за нивната политика на превентивни сили. Меѓутоа, каква алтернатива нуди таа? Тука, како што наведува Гардијан, Европската Унија има шанса да го разбие еднаш за секогаш Балканското буре барут. Сега тоа ќе е рекламирање на супериорноста на европските пред американските вредности. Перспективата за членство во Европската Унија е моќен лост во Југоисточна Европа и може да го реши не само косовскиот, туку и другите проблеми. Предолго балканската политика на Европската Унија беше во рацете на бирократите. Балканот може да биде голема шанска доколку Европа сака да ја покаже својата визија, се заклучува во денешниот напис на Гардијан посветен на ситуацијата на Балканот.
XS
SM
MD
LG