Достапни линкови

Граѓаните во Македонија гледаат најмногу телевизија дневно во светот


Македонските граѓани поминуваат убедливо најмногу време пред телевизискиот екран во светот. Според истражувањето објавено во студијата „Европски клучни факти“ што се појави во некои светски медиуми, граѓаните во Македонија „трошат“ 325 минути дневно малите екрани. Американците, во просек се скоро еден час помалку пред телевизорите и се наоѓаат на втората позиција. Жителите на ЕУ имаат помалку време за телевизија, па така во просек Германците поминуваат 205 минути дневно пред малите екрани. За разлика од нив, кандидатите за членство во Унијата, Унгарија и Полска се исто така високо на топ листата со поминати 262, односно 246 минути пред телевизиските екрани.

Информативните емисии, сапунските серии, музичко забавните емисии.. е најголемиот дел од програмата, која буквално го ,обзема,, македонскиот гледач. А тие велат:

„Гледам, што знам два – три часа дневно, гледам забавен програм, спорт, а помалку политика.“

„Поминувам доста време. Нема што да се прави во Скопјево.“

„Со сите новости што се случуваат во републикава, сакам да ги слушнам, сакам да ги видам.“


Социо-економската, а пред се политичко-безбедносната ситуација, недостатокот од обврски, невработеноста.. се дел од причините поради кои македонските грагани неможат да се „одлепат“ од ТВ екраните, сметаат експертите.

„Сакаат да видат што се случува, бараат информација и надеж дали ќе се подобри ситуацијата во која што се наоѓа Македонија. А, освен тоа интересен е податокот што во земји коишто се наоѓаат во пост конфликтна фаза, како што сме ние доста се гледа телевизија, бидејќи луѓето се уплашени да не дојде до конфликт, секогаш го вклучуваат телевизорот да се иформираат што се случило.“

вели професор д-р Зоран Матевски, член на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет.

Но, потенцира професор Матевски, иако критериумите за она што се емитува на македонскиот етер е сегмент на кој треба да се поработи, сепак добро е што гледачите во државава имаат голем избор кога станува збор за тоа кој медиум ке се одлужат.

„Кај нас она што е најголема предност е тоа што одредена информација можете да ја проследите на повеќе медиуми, да видите повеќе вистини и да си ја прифатите вистината што сметате дека е.“
XS
SM
MD
LG