Достапни линкови

Во текот на денов без акции на теренот


Припадниците на МВР и Армијата во текот на денот не презеле никаква акција во карадачкиот регион, соопштија портпаролитие Мирјана Контевска и Марјан Ѓуровски. При акцијата во Брест убиени се двајца припадници на вооружените криминални банди а едно лице е рането изјави портпаролот на МВР Мирјана Контевска.

„Во престрелката меѓу безбедносните сили и терористичката банда, беа убиени две лица чиј идентитет сеуште се утврдува. По завршувањето на престрелката министерството презеде мерки за расчистување на теренот, пти што беа откриени пет бункери што ги користеле терористичките банди, а во нивна близина беа пронајдени поголем број испукани чаури од огнено оружје, ракетни фрлачи и минофрлачи.“

Во Брест се уште постојат припадници на оваа вооружена група предводени од извесен команданд Береза:

„Останатата криминално - терористичка група е лоцирана и изолирана од страна на припадниците на МВР.“

вели портпаолот на МО Марјан Ѓуровски. Ниту тој ниту Контевска не одговорија конкретно на прашањето дали за акцијата биле запознаени заменик министрите за одбрана и внатрешни работи, Ризван Сулејмани и Хазби Лика. Токму некоординирањето на активностите меѓу коалициооните партнери ја разниша владината коалиција, откако лидерот на ДУИ Али Ахмети отворено се заканил на премиерот Црвенковски дека неговата партија ќе ја напушти владата:

„Да точно е тоа, вистината е во тоа што ние не сме задоволни со функционирање на сегашбата коалиција. Бидејќи за секоја акција на теренот мислам дека ДУИ како партнер треба да се консултира,“

изјави Хисни Шакири пратеник од оваа партија. Дека меѓу коалиционите партнери не оди се како што трба потврдува и премиерот Бранко Црвенковски.

„Се забележува една нервоза во ДУИ, меѓутоа околу глобалните политички ставови и крајните цели не може да се констатираат некакви разлики.“

Инаку преставниците на меѓународната Заедница во земјва целот ги подржуваат акциите на македонските безбедносни органи.

„Тоа што постојано го кажуваме е дека ги поддржуваме напорите на македонската влада да воспостави целосно владеење на парвото на нејзината територијата,“

изјави портапаролот на ЕУ во Македонија Ирена Ѓузелова.
XS
SM
MD
LG