Достапни линкови

Иван Вејвода, директор на Балканската фондација за демократија.. Балканските земји со заеднички сили можат да станат дел од Европа


Како ги оценувате билатералите односи мегу Македонија и Србија и Црна Гора?

Мислам дека односите навистина се на завидно ниво, решивме многу прашања. Според мене она што ги дефинира нашите односи е оној правец кон кој се стремат нашите земји во Европската унија и евроатланските интеграции. А токму во таа насока настојуваме исто да работиме, бидејки се работи за постигнување на стандарди. Делот од критериумите на основа по кои ке се суди за влез на овие две земји во евроатлантските интеграции е и регионалната соработка и мислам дека тука покажуваме едно одлично ниво на соработка. Имаше по повод Илинден некои недоразбирања кои на државно ниво покажаа голема одговорност од двете страни. Тоа покажа дека државните интереси и регионалната соработка се над некои проблеми кои секогаш постојат. Не е работата едноставна, но тие проблеми можат да се надминат.

Што мислите колку регионалната соработка може да им помогне на овие земји на патот кон Европската унија и НАТО?

Јас апсолутно мислам дека тоа е еден од клучните елементи за помош во нашиот процес за членство. Вие во Македонија имате и пример. Тоа е Јадранската повелба, односно вашата соработка со Хрватска и Албанија, каде претстпоставувам еден ден и ние ке се придружиме бидејки очекуваме да се прклучиме во Партнерството за мир. Сметам дека создавањето на концентрични кругови на регионална соработка е нешто сосема нормално, тука е многу значаен процесот за соработка во Југоисточна Европа. Тоа е еден органски регионален процес кој покажа дека и ние можеме да најдеме она што Европската заедница го најде во јагленот и челикот. Сега во рамки на процесот на соработка во ЈИЕ се работи на електроенергетскиот систем и негово поврзување- инфрастуктурно поврзување.

Според вас што е важно во овој процес на соработка мегу двете земји?


Мислам дека она што е важно е дека тоа што кај владите на нашите земји постои свест за тоа дека пред се нема алтернатива на патот кон Европската унија и евроатлантските интеграции, второ дека најголемата одговорност е на нас самите дека ние мора да ги спроведеме тие промени, да воспоставиме владеење на правото, да создадеме амбиент за инвестиции што значи создавање на правна рамка која ке гарантира влез на финансии и со тоа ке се зголеми станадрдот. Се разбира никој не негира дека постојат големи проблеми, сите имаме тешко наследство, но работите тргнаа напред. Македонија во транзиционите процеси тргна порано, тоа во наредните години ја очекува Србија и Црна Гора која не е членка на Партнерство за мир, нема потпишано Договор за стабилизација со Унијата. Се надевам дека ке успееме некако заедно, и покрај тоа што секој оди сам со своите поединечни достигнувања сепак некако да покажме дека регионот е одговорен и дека може да стане дел од европското семејство на земји.
XS
SM
MD
LG