Достапни линкови

logo-print

Виена: Тензиите во Македонија се зголемуваат, оценува весникот Пресе


Две години по релативниот мир во Македонија, тензиите повторно се зголемуваат, оценува во денешниот број виенскиот весник Пресе. Меѓународните фактори ја сметаат АНА за терористичка организација и во целост стојат зад македонската полиција, бидејки на време треба да се изгасне искрата, пред да ја запали шумата, наведува Пресе. Според оценката на весникот, НАТО во 2001-та не успеа да го собере целото оружје, па АНА во деловите од Македонија каде што живее албанско население, за само неколку часа може да изврши мобилизација.
XS
SM
MD
LG