Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Пауел ги повика Франција и Германија да ги изнесат предлозите за нова резолуција за Ирак


Американскиот државен секретар Колин Пауел ги повика Франција и Германија да ги изнесат своите предлози за новата резолуција за Ирак. Ширак и Шредер се заложија за побрз трансфер на власта на ирачаните и за поголема улога на Обединетите Нации. Во меѓувреме, американскиот државен секретар за одбрана Доналд Рамсфелд во снимено обраќање до ирачаните порача дека терористичките напади нема да ги принудат сојузничките сили да се повлечат од Ирак и оти Садам Хусеин веќе никогаш нема да се врати на власт.
XS
SM
MD
LG