Достапни линкови

Секој секому должи


Секој секому должи, а најмногу стопанството на државата. 81 милион евра изнесува долгот што стопанствениците го имаат кон државната каса. Проблемот се мултиплицира доколку се има предвид фактот дека добар дел од овие средства нема никогаш да се наплатат.

„Имаме побарувања од околу 5 милијарди денари по основ на ДДВ – стопанството и должи на државата – а потоа стопанството должи за придонеси за пензиско, инвалидско, здравствено осигирување некаде околу 10 милијарди денари. Проблемот е што тие не се сите наплатливи, затоа што се работи за фирми загубари, затоа што некои од нив одат под стечај“

е ставот на министерот за финансии Петар Гошев. Друго чаре немаме ременот мора да се стегне, а побарувањата на државата на име даноци мора по интензивно да се наплатуваат вели првиот финансиер.

„Разговараме за многу поинтензивна работа на Управата за јавни приходи и обврските спрема државата мора да се исполнуваат на време“

Но, проблемот е што и државата должи иако и оттаму стигнуват најави за нејзино поинтензивно раздолжување кон стопанството. Од управата за јавни приходи велат, од долгот кој изнесува 15.6 милиони евра само по основ на ДДВ со постојната динамика до крајот на годината државата планира да исплати 50% на стопанствениците.

„Веќе во јули и во август Управата, во соработка со трезорот при Министерството за финансии, месечните планирања за поврат ги зголеми за дваесетина отсто, така што во текот на овие два месеци сме вратиле многу повеќе отколку што е тоа некоја динамика што е следена од почетокот на годината“

е ставот на Зоран Васковски директор на управата за јавни приходи. Само за затезни камати кој државата мора да им ги плати на стопнаствениците само затоа што нејзините инспектори не успела во законскиот рок да извршат поврат на данокот на додадена вредност држаата ќе треба да исплати 4.8 милиони евра.

„Државата му должи на стопанството по основа на враќање на ДДВ и заради внатре прганизациски проблеми, пред се од системски карактер во автоматската обработка на податоци“

Дека секој секому должи потврдуваат и од министерствот за финансии каде милионски суми на денари кој исто така сеуште не се утврдени остануваат ненамирени на релација министерства, јавни претпријатија на компании и фирми, за дадени а ненаплатени услуги.
XS
SM
MD
LG