Достапни линкови

Англичаните доаѓаат со респект


Македонија нема што да зaгуби на утрешниот натпревар со Англија, а ние мора да победиме ако сакаме директно да се пласираме на завршницата од европското првенство 2004 година во Потугалија изјави селекторот на англиската репрезентација Свeн Горан Ериксон:

„Тие нема што да изгубат играат на домашен терен. Мислам дка Македонија во овие квалификации немаше среќа. Играа добро со Словачка, но одлично одигра со Турција дома, а посебно во Истанбул јас сум импесиониран од нивната игра,“

рече Ериксон кој запрашан од англиски новинар дали е коректно тоа што македонските новинари прават споредба меѓу капиенот на англиската репрезентација Дејвид Бекам и најдобриот македонски фудблер Артим Шаќири со одговор

„Мислам дека е коректно, неговата лева него е иста како десната на Бекам и мора многу да внимаваме на него. Тој игра на многу позиции а посебно во напад и е многу добар играч,“

изјави англискиот селектрон Горан Ериксон. И капитенот на англиската репрезентација Дејвид Бекам кој изјави дека е 100 посто подготвен за утрешниот натпревар со пофални зборови за македонските фудбалери.

„Секоја земја и секој тим имаат добри играчи и ние сме свесни за тоа и тоа не натера ние многу да работиме и ги почитуваме како екипа.“

Капитенот на англиската рпрезентација Бекам не скаше да го прогнозира резултатот од утрешниот натпревар.

„Нема да прогнозирам ништо ќе видиме што ќе излезе на крај,“

рече тој.
XS
SM
MD
LG