Достапни линкови

Багдад: Свечено наименувана новата ирачка влада


Денеска во Багдад свечено беше наименувана новата ирачка влада. Привремениот совет во понеделникот избра дваесет и пет министри кои ќе раководат со земјата до изборите планирани за идната година. Новата влада нема премиер, туку е одговорна пред привремениот совет. Американскиот администратор во Ирак Пол Бремер оцени дека првата повоена влада ќе има реална власт без оглед на тоа што во решавањето последниот збор ќе го имаат сојузничките сили.
XS
SM
MD
LG