Достапни линкови

Вооружените лица не се група за каква што сакаат да создадат впечаток


Мислам дека тие се обидуваат да создадат впечаток оти се нешто што не се, изјави денеска за Радио Слободна Европа Марк Лејти советник на генералниот секретар на НАТО во врска со таканаречената АНА, додавајќи дека сакаат да се претстават како голема и значајна група со голема јавна поддршка. Тие не се ниту големи, ниту значајни, ниту пак имаат поддршка. Тие секако не се армија. Мислам дека нема сомневање оти тие се група на политички екстремисти кои многу тешко можат да се одвојат од криминалци. Најчесто тие се поврзани во изнаоѓањето политички легитимитет за некаква голема цел. Тие се занимаваат со насилство и криминал и како што е добро познато тоа се луѓе кои се без морал. Не сме сигурни што се но сигурно не се она што сакаат да се претстават, изјави Марк Лејти за Радио Слободна Европа.
XS
SM
MD
LG