Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Израел подготвен за зголемување на нападите против Хамас


Израелскиот министер за одбрана Шаул Мофаз изјави дека израелските сили се подготвени да ги зголемат нападите на теренот на Газа против радикалите на Хамас врз чии членови во изминативе 13 дена се извршени 6 смртоносни воздушни напади. Според Мофаз Израел треба да го протера палестинскиот лидер Јасер Арафат кој им попречувал на мировните напори. Истовремено над 200 палестински политичари и јавни личности упатија петиција во која ги повикуваат Арафат и палестинскиот премиер Махмуд Абаз да и стават крај на меѓусебната борба за превласт пред итната парламентарна сесија закажана за неделава.
XS
SM
MD
LG