Достапни линкови

Багдад: Загинаа двајца американски војници


Двајца американски војници денеска загинаа во напад врз нивното возило во близина на Багдад. Портпарол на американските сили во Ирак соопшти дека возилото наишло на импровизирана експлозивна направа. Нешто подоцна одекнала силна експлозија од автомобил бомба во близина на полициската станица во Багдад. Според новинските агенции повредени се повеќе лица од кои едно посериозно. Повредените се претежно полицајци.
XS
SM
MD
LG