Достапни линкови

Скопје: Денеска средба на пратениците Албанци со претставници на вооружените групи


Пратениците Албанци од македонскиот Парламент денеска околу 16 часот, кога истекува ултиматумот на т.н. АНА за повлекување на државните безбедносни сили од кумановско-липковскиот регион, ќе се сретнат со претставници на вооружените групи, јави синоќа Македонската телевизија. Ова било заклучено на вчерашниот состанок организиран на иницијатива на ОБСЕ, на кој присуствувале градоначалникот на Липково Хусамедин Халили, претставници на ЕУ, пратениците - Албанци од Кумановско-липковскиот крај, заменик министерот за внатрешни работи Хазби Лика и претставници на селата од липковската општина.
XS
SM
MD
LG