Достапни линкови

Жителите на се чувствуваат безбедни


Поставување експлозив на меѓународната железничка пруга во атарот на липковското село Ваксинце, киднапирање на две лица, закани и уцени од страна на киднаперите, се почести малтретирања на кумановските таксисти и одземање на нивните возила, секојдневните пукотници од огнено оружје во градот и околината сериозно ја разнишуваат и онака чувствителната безбедност во кумановско и во липковско. Градоначалникот на Куманово Слободан Ковачевски го пренесува мислењето на советот на градот дека безбедносната состојба прилино е подобрена и стабилна:

„Но, сепак се можни непредвидени работи и инциденти. Сметам дека СВР КУманово си ја врши својата работа.“

На граѓаните на Куманово пак, бројните инциденти им влеваат несигурност без оглед на времето и местото каде што се наоѓаат. Тие очекуваат полицијата поажурно и поревносно да си ги извршува своите обврски:

„Во Куманово не сме многу безбедни, но јас сметам дека органите на прогонот ќе си ги расчиста работите, дека состојбата ќе се нормализира и дека веќе нема да се појавуваат вакви немили сцени.“

„Не се чувствувам безбеден, живеам баш во делот каде што беа киднапирани двајцата полицајци. Не сум нешто посебно загрозен, но не се чувствува безбеден ниту еден граѓанин на Куманово, барем така мислам.“

Дека состојбата е сеуште далеку од стабилна, потврди и Хисни Шаќири, актуелен пратеник на ДУИ во македонското собрание на средбата со раселените Македонци и Срби од некогашниот кризен регион. Затоа тие сметаат:

„Враќање нема, сигурност нема, може да бидеме жртви од било кој аспект.“

За градоначалникот на Липково Хусамедин Халили, зголеменото присуство на полицијата кај жителите Албанци предизвикува чувство на несигурност и влијае за зголемување на напнатоста:

„Ситуацијата не е онака како што беше до сега и сметам дека не требаше таквите движења токму во време кога ситуацијата се подобруваше. Мислам дека со дијалог со преговори, работите може да се средат.“

Иако, жителите на липковско самите велат дека криминалните вооружени групи не се безбедни ниту во сопствените дворови, Халили додава дека нема такви сознанија.
XS
SM
MD
LG