Достапни линкови

Седница на Советот за национална безбедност


Заседанието на Советот за безбедност е резултат на серијата инциденти во Македонија, оттаму и главната тема е безбедносната ситуација. Станува збор за седница која има повеќе советодавна отколку оперативна улога, иако според очекувањата на претседателот Трајковски од неа треба да произлезе усогласување на конкретни мерки за стабилизирање на состојбите:

„Ќе го свикам советот за безбедност ја разгледаме најновата безбедносна ситуација и да договориме одредени мерки што ќе бидат во функција на обезбедување на мир, стабилност и враќање на довербата меѓу граѓаните,“

рече претседателот Трајковски најавувајќи ја средбата.

На неа клучен збор има министерот за внатрешни работи Хари Костов, кој треба да реферира за спроведувањето на акцијата за пронаоѓање и апсење на одговорните за минатонеделните случувања со киднапирањето и бомбашките напади во Скопје.

Во меѓувреме, како што денеска соопшти полицијата, акцијата за апсење на Чакала продолжува во кумановско - липковскиот регион. Полицијата, но и меѓународните набљудувачи не сметаат дека е загрижувачка појавата на напуштање на селото Ваксинце од страна на локалното население кое е регистрирано од синоќа.

Станува збор за потег, што упатените го објаснуваат со зголеменото присуство на безбедносните сили во тој регион, од една, и вооружените групи, од друга страна. Сепак, остамнува податокот за прекин на сообраќајот на релација Табановце - Куманово кај село Ваксинце, поради забележана вооружена група доцна синоќа. По спроведената истрага сообраќајот се одвива непречено.

До денешната седница на Советот за безбедност на Република Македонија доаѓа по неколкуте барања за нејзино свикување од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија го обвини премиерот и раководството на МВР дека недоволно решително ја спроведува акцијата за апсење на лицата одговорни за инцидентите, особено за групата на Чакала, за која тврди полицијата лесно може да ја открие.
XS
SM
MD
LG