Достапни линкови

Бомбај: Уапсени петмина осомничени за експлозиите


Индиската полиција денеска уапси пет лица осомничени дека учествувале во нападите во кои на 25 август во Бомбај загинаа 52 и беа повредени повеќе од 150 луѓе. Крипашанкар Синг, министерот на државата Махаштра чиј главен град е Бомбај, изјави дека полицијата уапсила пет лица и оти "уште многумина" се приведени на информативен разговор. Полицијата по атентатот соопшти дека зад нападот во Бомбај најверојатно стојат индиските исламистички екстремисти кои имаат поддршка од радикалните движења Лашкар е Таиба и Џаиш е Мохамад. Овие две групи се основани во Пакистан, но и таму се забранети по нападот на индискиот Парламент во декември 2001 година.
XS
SM
MD
LG