Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Хамас ја презеде одговорноста за денешниот напад во Газа


Исламистичката група Хамас ја презеде одговорноста за истрелите од кои денеска беше повреден еден Израелец, во близина на еврејско село во јужниот дел на Појасот Газа. Повредениот е однесен во болницата во Сорока, јужен Израел, и според израелското државно радио, е вон животна опасност. Во соопштението на Хамас се истакнува дека еден од снајперистите на групата пукал во Израелецот како одговор на последните израелски напади врз Хамас. Откако на 19 август терорист самоубиец од Хамас уби 21 лице во Ерусалим, Израел во пет ракетни напади во Појасот Газа ликвидира 10 членови на Хамас.
XS
SM
MD
LG