Достапни линкови

logo-print

Солун: Регистриран земјотрес, нема материјална штета


Земјотрес со интензитет од 3,3 степени според Рихеровата скала препладнево е регистриран во Солун, јавија локалните медиуми. Земјотресот не предивикал материјална штета, а жителите на северозападниот дел на Солун изјавиле дека потресот бил пропратен со силна бучава. Според грчкиот сеизмолог Папазахос, епицентарот на земјотресот бил во северозападниот дел на Солун во областа Асвестохори. Во 1990 година сеизмолозите во таа област регистрирале пукнатина во земјината кора со должина од 10 километри која повремено предизвикува земјотреси со интензитет до 3,8 степени по Рихтер. Според сеизмолозите, пукнатината може да предизвика земјотрес и со јачина од 5 степени според Рихеровата скала, но денешниот потрес не создава причини за страв.
XS
SM
MD
LG