Достапни линкови

logo-print

Конечно мора да научиме како да завршиме заедно


Со усвојување на заедничкиот документ „Порака од Охрид“, денеска во Охрид заврши регионалниот форум „Дијалоги меѓу цивилизациите“ предводен од осум шефови на држави од југо-источна Европа. Во пораката стои дека лидерите од Балканот, се залагаат за култура на дијалог, толеранција и мир, со цел да се унапреди просперитетот, добросостојбата и соработката меѓу народите и земјите од регионот на југо-источна Европа, кој иако е колевка на европската култура и цивилизација минал низ војни, уништувања и етничко чистење. Во документот учесниците на форумот се залагаат за настапување на нова ера, кога дијалогот и разбирањето ќе ги заменат злата од историјата и во кои единството може да се најде и негува преку богатството на ралзичност и почитувањето меѓу народите. Форумот, како успешен го оцени генереланиот дирекрот на УНЕСКО Коиширо Мацура, еден од неговите покровители:

„Охридската порака покажува дека политичките лидери на југоисточна европа се подготвени да соруаботуваат. Навистина во минатото на овие простори се случија многу немири, и затоа е многу битно што политичките лидери на земјите во коишто се случија тие немири денеска се собираат овде и разговараат за идната соработка, којашто е содржана во охридската порака.“

Меѓу конкретните пораки за соработка содржани во докуменотот „Порака од Охрид“ е содржана и иницијативата на македонскиот претседател Борис Трајковски за формирање на регионален научно-истражувачки центар во Охрид за изучување на општите цивилизациски вредности, за што ќе се расправа на министерската конференција во Македонија во 2004-тата година.
XS
SM
MD
LG