Достапни линкови

logo-print

Наџаф: Над сто загинати во бомбашки напад


Во вчерашниот бомбашки напад во ирачкиот град Наџаф, според денешните информации, загинале над сто луѓе, вклучувајќи го и водечкиот шиитски свешетник ајатолахот Мохамед Бакр ал Хаким. Тој дваесет години беше во егзил во Иран и беше лидер на движењето против поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Американскиот претседател Џорџ Буш, како што е соопштено во Вашингтон, им порачал на американските сили да работат со ирачките претставници во откривањето на оние што го подготвиле нападот. Денеска илјадници верници протестираат по улиците на Наџаф извикувајќи антиамерикански пароли.
XS
SM
MD
LG